Сириски воени авиони денеска го бомбардираа палестинскиот камп Јармук и делови од јужен Дамаск, првпат од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад, јавија опозициски активисти од главниот град.
Според тврдењата на активистите во бомбардирањето загинале повеќе десетици луѓе.
Најмалку една ракета погоди џамија во кампот во кој се сместени палестински бегалци, кои побегнале од насилствата во околните квартови на Дамаск.