Сиријка од Дамаск е првата жена што се кандидира за претседателка на земјата

Од:

50-годишна жена од сирискиот главен град Дамаск достави документи за учество на претстојните претседателски избори во Сирија, со што стана првата жена која се кандидира за шеф на државата, објави претседателот на Парламентот, Хамуд Сабаг.

Фатен aл-Нахар се кандидира за вторите избори од почетокот на граѓанската војна пред десет години, кои се закажани за 26 мај. Сепак, тие се повеќе симболични, бидејќи се очекува убедливо да победи актуелниот претседател Башар ал-Асад, објавија западните медиуми.

Сиријците кои живеат во странство ќе гласаат на 20 мај.

Малку податоци се познати за Нахар. Претседателот на Парламентот ги објави нејзината возраст, местото на раѓање и името на мајката. Сепак, на социјалните мрежи нема информации за неа.

Покрај Нахар, досега се пријавени уште двајца кандидати за учество на изборите, вклучително и бизнисмен кој се кандидираше во 2014 година, кога претседателот Башар Асад освои речиси 90 проценти од гласовите. Асад се уште не ги доставил своите документи, но повеќето луѓе очекуваат тој да се кандидира за четврти седумгодишен мандат.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град