Сирија ја нарече „провокација“ посетата на Помпео на Голанската висорамнина

Од:

Сириската Влада попладнево ја осуди денешната посета на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на Голанската висорамнина, како провокативно кршење на нејзиниот суверенитет.

Помпео е прв шеф на американската дипломатија кој ја посетува оваа стратешки важна точка на границата меѓу Израел и Сириоја.

„Посетата на Помпео е провокативен чекор пред крајот на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп и флагрантно кршење на суверенитетот на Сириската Арапска Република“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи, пренесено од државната агенција САНА.

Израел го освои и анектираше Голан со војната од 1967 година, потег што не беше признат од меѓународната заедница, но САД, сепак, го признаа израелскиот суверенитет над висорамнината.

Помпео ја посети областа во непосредна близина на сириската граница за време на својата проштална посета на Израел, а денеска посети и една еврејска населба во окупираниот Западен брег, како прв државен секретар на САД што тоа го сторил.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци