Сириската армија тврди дека Израел ја погодил областа околу главниот град Дамаск со серија воздушни напади. Засега не се знае дали има жртви.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) не ги коментираа наводите, но рекоа дека таргетирале цели во Либан.
„Тенк на ИДФ погоди воен пункт на терористичката организација Хезболах“, се вели во соопштението на ИДФ.