Синот на украинскиот претседател го удвоил богатството за една година

Од:

Постариот син на украинскиот претседател Виктор Јанукович го удвоил своето богатство на речиси 200 милиони долари за една година, според листата на најбогати луѓе во земјата која ја изработи украинското списание „Фокус“.

Олександар Јанукович, 39-годишен основач на фирмата Мако (банкарски сектор), успеал да го удвои своето богатство на 196 милиони долари, прецизира „Фокус“.

Стоматолог по струка, кој долго време и беше непознат на јавноста, Олександар Јанукович влезе во клубот на најбогатите во поранешната советска република по доаѓањето на својот татко на чело на државата во 2010 година.

Неколку независни медиуми го проценија неговото богатство на стотина милиони долари во 2011 и 2012 година.

Според „Фокус“, сопственикот на компанијата СЦМ Ринат Ахметов (енергетика, телеком, недвижности) е најбогатиот човек во земјата со 17 милијарди долари. По него следуваат Игор Коломојски и Генадиј Богољубов, коосновачи на групата „Приват“ (металургија, банкарство), во која секој има по 3,65 милијарди долари, наведува изворот.

Олександар Јанукович е на 76-то место и никогаш не се обраќал до медиумите, а се смета дека е централна личност на моќниот политичко-финансиски клан формиран околу шефот на државата, додава списанието.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина