Синот на Лукашенко избран за претседател на Олимпискиот комитет

Од:

Синот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Виктор Лукашенко денеска е избран за претседател на Олимпискиот комитет на земјата, иако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги суспендираше двајцата и им забрани учество на Олимписките игри во Токио.

Како што пренесуваат странските агенции, таа одлука ја зголемува шансата белоруските спортисти, на Олимпијата што треба да се одржи ова лето, да се натпреваруваат како независна екипа под олимписко знаме.

Лукашенка беше на чело на Националниот олимписки комитет 23 години, а неговиот син Виктор досега беше потпретседател. Во декември минатата година, МОК ги суспендираше и таткото и синот со образложение дека не ги заштитиле од дискриминација спортистите кои учествуваа на протестите во земјата.

Протестите во Белорусија започнаа по претседателските избори во август, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат. Опозицијата и западните земји тврдат дека изборите биле нерегуларни, додека официјален Минск негира.

Би можело да ве интересира

Србите преку Брисел дознаа дека нивните власти му вовеле санкции на Лукашенко

Жарко Настоски

ЕУ воведе четврти пакет санкции против Белорусија

Ана Ололовска

Брисел му воведува економски санкции на Лукашенко

Жарко Настоски

Тихановскаја до Германија: Воведете му санкции на Лукашенко

Жарко Настоски

Меѓународен трибунал да го суди Лукашенко, бара неговата ривалка Тихановскаја

Жарко Настоски

Скоро 500 луѓе се уапсени во Белорусија поради политички причини, велат од ЕУ

Жарко Настоски