Синофарм е помалку ефикасна против Делта-сојот, но штити од две клучни работи

Од:

Кинеската вакцина Синофарм има послаб ефект врз Делта-сој отколку на постарите варијанти на коронавирусот, но тоа не значи дека не ги заштитува вакцинираните од потежок облик на болеста и смрт.

По првата студија за ефикасноста на оваа вакцина врз Делта-сојот, научниците истакнуваат дека ако сте вакцинирани со Синофарм, многу е малку веројатно дека ќе завршите во болница или ќе умрете од нова варијанта на Ковид-19.

Бидејќи четвртиот бран добива на интензитет со сè повеќе доминантниот вид Делта, се повеќе луѓе се прашуваат колку се ефективни вакцините за нови варијанти на вирусот.

Лабораториска студија во Шри Ланка откри дека нивото на антитела кај луѓето кои примиле вакцина Синофарм е 1,38 пати пониско по Делта-сојот во споредба со првата варијанта на вирусот регистриран во кинескиот град Вухан.

Синофарм добро се држи против Делта-сојот

Кристина Карингтон, професор по молекуларна генетика и вирусологија на Универзитетот „West Indie“, цитираше студија од Шри Ланка и откри дека вакцината Синофарм исто така се држи добро против Делта-сојот.

„Се очекува вакцината Синофарм да штити од Делта-сојот, но и други варијанти на вирусот. По вакцинирањето, вашиот имунолошки систем во основа знае како изгледа непријателски вирус и веќе подготвил залихи на антивирусни алатки. Па ако сте вакцинирани и заразени веројатноста да завршите во болница или да умрете од Ковид-19 е екстремно ниска и многу, многу пониска ако не сте се вакцинирале“, рече Карингтон.

Карингтон додаде дека „реални податоци“ веќе постојат кои покажуваат дека вакцината Синофарм е ефикасна против другите варијанти на Ковид-19.

„Откриено е дека вакцината Синофарм е исклучително добра во создавањето антитела против вирусот. Значи, гледаме дека вакцината Синофарм работи добро и против другите сорти на Ковид-19″, рече Карингтон.

Би можело да ве интересира

Во Грција на факултет само со сертификат за вакцина или негативен тест на сопствен трошок

Комисија на ФДА препорача трета доза вакцина за постари лица и изложени на ризик

Мери Јордановска

Пет месеци по вакцинација со Синофарм антителата опаѓаат за 70 проценти

А1он

МЗ: Во средата и во текот на вчерашниот ден, аплицирани се вкупно 22.581 вакцини

А1он

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

Аризона ја тужи федералната влада поради обврзната вакцинација

А1он