Синофарм е безбедна и ефикасна против Ковид-19, покажува студијата на американски научници

Од:

Две вакцини од кинеската компанија Синофарм се безбедни и ефикасни против Ковид 19, покажува студијата објавена во медицинското списание на Американското лекарско здружение.

Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а една неодамна доби поддршка од Светската здравствена организација за итна употреба, објави АП.

Во извештајот објавен на интернет во весникот на Американската медицинска асоцијација се заклучува дека вакцините се ефикасни околу 73 проценти, односно 78 проценти, како што претходно тврдеше Синофарм.

Истражувачите од Синофарм и нејзините локални партнери на Блискиот исток наведуваат дека околу 40.380 луѓе учествувале во истражувањето.

Користени се две вакцини на компанијата Синофарм, едната е изработена од Институтот за биолошки производи во Вухан, другата развиена од Институтот за биолошки производи и плацебо во Пекинг.

Истражувањето е спроведено во четири земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јордан, сепак, во студијата се прикажани само податоци за Бахреин и ОАЕ.

„Нема ништо многу изненадувачки. Тоа е во согласност со она што тие го тврдеа порано, но не ги отстранува целосно сомнежите за Синофарм“, рече Ѓин Донг-јан, професор по медицина на Универзитетот во Хонг Конг, кој не бил вклучен во студијата.

Вакцините, обете направени од инактивирани вируси, веќе се дадени на милиони луѓе ширум светот.

Светската здравствена организација на почетокот на мај ја одобри вакцината против Ковид-19 на Институтот за биолошки производи во Пекинг, за итна употреба, со што стана првата кинеска вакцина што го добила сертификатот.

Би можело да ве интересира

САД купиле уште 200 милиони дози од вакцината на Фајзер

Жарко Настоски

ЕМА ја препорача вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

Жарко Настоски

Во Бразил ќе испитуваат како влијае трета доза од вакцината „Астразенека“

Жарко Настоски

Спутник создава долгорочен имунитет кај 90 проценти од вакцинираните

Катерина Павлова-Николовска

Тинејџери си ги тужат родителите затоа што не ги пуштаат да се вакцинираат

Жарко Настоски

Русија и Кина шират муабети за нашите вакцини, се жалат Американците

Жарко Настоски