Синдикат: Италијанската издавачката група „Геди“ отпушта новинари

Од:

Издавачката компанија „Геди“, која од април минатата година контролира неколку важни италијански весници, вклучувајќи ги „Република“, „Стампа“ и „Л’Еспресо“, продолжува да отпушта новинари и уредниците на весниците кои станаа нејзината сопственост, тврди во соопштение синдикатот на италијанскиот печат, Асостампа.

Тие наведуваат дека без предупредување и валидна причина, во рок од 24 часа бил разрешен директорот на еден од најстарите локални весници во Италија, „Газета“ од Мантова, Паоло Болдрини, а пред него и директорот на весникот во Трст „Ил Пиколо“, Алберто Болис.

Според соопштение на издавачката група, „тие биле отпуштени затоа што има премногу директори“.

Редакцискиот комитет на „Газета“ од Мантова соопшти дека новинарите и вработените се „шокирани од начинот на разрешување на долгогодишниот директор“ и истакна дека неговото разрешување е неразбирливо затоа што, меѓу другото, весникот минатата година го зголемил бројот на продадени примероци.

Издавачката група Геди е во мнозинска сопственост на италијанското семејство Ањели, а нејзиниот наследник Џон Елкан е претседател на групата.

Откако стана сопственик на неколку важни италијански весници, групацијата Геди не само што го намали бројот на вработени, туку, како во случајот со римска „Република“, која традиционално ги изразуваше и поддржуваше идеите на левиот центар, ја смени својата политика повеќе кон десно.

Тоа беше причина неколку познати новинари да ја прекинат соработката со „Република“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим