Силуваат, крадат органи и малтретираат деца – документарец на CNN

Од:

CNN направи шокантен документарец за афричките бегалци кои поминуваат преку пустината во Израел.

Нивните лоши услови за живот, конфликтните области или бедата, ги тераат овие несреќници од Судан, Етиопија и Еритреја да го побараат спасот во другата држава, а патот до него ги води преку Синајската пустина која е нужното зло.

Станува збор за илјадници бегалци, според статистиката во 2010 година дури 14.000 бегалци се обиделе да ја преминат пустината, а многумина од нив не успеале да стигнат до крајната цел.

Локални банди, џелати, силувачи, трговци со луѓе или грабнувачи ги пресретнуваат по пат, и по извршениот злостор врз нив ги оставаат на милост и немилост на пустината, или пак бараат пари за откуп од нивните фамилии за да можат да ги вратат дома.

Многу девојки останале бремени од насилниците по извршениот злостор. Некои ако стигнат во Израел се одлучуваат да абортираат. Некои пак ги раѓаат. Имало случаи кога девојките принудно останувале со грабнувачите и откако ќе го родат бебето, татковците биле подготвени да мачат дури и сопствените деца, за да наплатат за својот плен.

Во документарецот има повеќе потресни приказни меѓу кои и за девојка која е силувана и успеала да побегне во Израел, па го абортирала детето затоа што не сакала да роди дете без татко.

„Викав, им велев дека сум девица, но тие не сакаа да слушнат“, вели таа, опушивајќи го својот несреќен момент од животот.
Во канцеларијата за човекови права исто така успела да дојде и мајка со бебе. Таа раскажала на хуманитарците дека таткото на бебето, насилникот што ја силувал, го мачел своето девојче, нанесувајќи му тешки изгореници по главата за да извлече пари за откуп.

Многумина од оние што им биле извадени органите во пустината никогаш не стигнале до крајната цел, но некои пак имале малку среќа да го најдат лидерот на бедуинското племе Саварка, Мохамед Абу Билал, кој е една мала светла точка во пустината.

Тој им помага на жртвите од тортурите на шверцерите. Рој од нападнати бегалци доаѓаат во неговото засолниште, изгладнети, голи или ранети каде што се заштитени од тортурите и силувањата.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

Си-Ен-Ен најави отпуштања на вработените

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска