Силно невреме во Италија, има повредени и штети

Од:

Неколку лица се повредени во силно невреме што го зафати северозападниот дел на Италија и предизвика материјална штета.

Во близина на Милано неколку постари граѓани денеска се повредени кога врз нив паднало дрво, а еден маж е тешко повреден, јави агенцијата АНСА.

Исто така, надвор од Милано еден човек бил повреден кога ветрот соборил две дрва. Во регионите на Ломбардија и Пиемонт, соборените дрвја предизвикаа штета на неколку автомобили, а парковите и плоштадите се делумно затворени.

Ветрот откорнал и дел од покривот на главната железничка станица во Милано. Ветер го откорнал и покривот на училиште во провинцијата Варезе.

Пожарникарите соопштија дека до понеделник рано попладне имале околу 400 интервенции низ целата земја, главно во Ломбардија, а Агенцијата за одбрана за цивилна заштита соопшти дека невремето може да продолжи до утре.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески