Најмалку 14 лица загинаа, а 50 се повредени денеска кога шатор се урна на религиозна церемонија во Индија.
Индискиот премиер Нарендра Моди на „Твитер“ напиша дека сочувствува со семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.
Несреќата се случила во државата Раџастан, кога за време на хиндуистички обред, шатор се распадна поради невремето.