Силниот ветер го блокира поморскиот сообраќај Албанија-Италија

Од:

Поради неповолните временски услови воведена е забрана за испловување на траекти од Драч кон Бари и обратно, се до друга наредба од капетанијата на пристаништето, соопшти албанската генерална поморска управа.

„Пристаништето Драч е отворено и во готовност, но поради затворањето на пристаништето Бари забрането е отпловување од Драч кон Бари за да се избегне престојот на траектот и патниците на пристаништето Бари“, се наведува во соопштението.

Управата бара разбирање од патниците блокирани во пристаништата во Бари и во Драч, бидејќи „се прави се за да се гарантира безбедна пловидба во ситуација на немирно море поради силниот ветер и високите бранови“.

Во Албанија поради многу ниските температури и снежните врнежи веќе се чувствуваат проблеми во одвивањето и на патниот сообраќај, посебно во северниот дел на земјата, како и во Корча. Надлежните апелираат на задолжителна употреба на зимска опрема, голема внимателност и строго почитување на условите на патот и сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов