Силни експлозии во Дамаск

Од:

Силни експлозии одекнаа минатата ноќ во реонот на сирискиот главен град Дамаск, но засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.

Сириските државни медиуми објавија дека експлозивите биле предизвикани од проектили лансирани од Израел.

Ваквите наводи ги потврди и сириската противвоздушна одбрана, која соопшти дека лоцирала оти „непријателски проектили долетале од окупираните територии“, алудирајќи на Израел и дека „уништила поголем број“ од нив.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.

Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите наводи. Изминативе месеци израелските сили во неколку наврати соопштија дека извршиле напади врз цели во Сирија поврзани со Иран и проиранското либанско движење Хезболах, кои во сирискиот конфликт се сојузници на властите во Дамаск.

Би можело да ве интересира

И покрај коронавирусот, Сирија го одложува ослободувањето на затвореници

А1он

Група терористи од ИД побегнаа од затвор во Сирија

Ана Ололовска

Прв смртен случај на Ковид-19 во Сирија

А1он

Педерсен: ОН повикуваат на прекин на огнот во Сирија заради коронавирусот

А1он

САД, Велика Британија, Франција и Германија го повикаа режимот на Асад да го запре насилството во Сирија

А1он

УНИЦЕФ: Над 4,8 милиони деца се родени од почетокот на војната во Сирија

Ана Ололовска