Силна експлозија во Триполи, во близина на амбасадите на Велика Британија и Канада

Од:

Силна експлозија се слушнала попладнево  во либиската престолнина Триполи, во близина на зградата со канцеларии, во која се наоѓале и  неколку амбасади, пренесоа британските медиуми, цитирајќи очевидец кој работел во зградата.


Очевидецот открил дека откако ја слушнал експлозијата, од прозорецот на зградата на блискиот паркинг видел автомобил зафатен од пламен.


Паркингот му припаѓал на станбен комплекс што се наоѓал до зградата со канцеларии. Во зградата се наоѓаат амбасадите на Велика Британија, Канада, претставништвата на неколку странски авиокомпании и други компании.


Уште не е позната причината за експлозијата, а можно е да станува збор за автомобил бомба.


Експлозијата се случила во попладневните часови, кога во многу од канцелариите немало луѓе заради рамазан.

Би можело да ве интересира

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи

Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи

А1он

Во нападот на Воената академија во Триполи најмалку 30 загинати

Едно лице загина при напад на аеродромот во Триполи

Над 120 загинати и 500 повредени во борбите околу Триполи