Силите на Хафтар се заканија со напад на цивилни авиони над Триполи

Од:

Бунтовничките сили на генералот Калифа Хафтар во Либија го прогласија Триполи за „зона без летови“ и се заканија дека ќе гаѓаат цивилни авиони над главниот град.

Аеродромот Митига, единствениот што работи во Либија, неколку пати беше мета на напади откако Либиската национална армија започна офанзива за заземање на Триполи, кој е под контрола на меѓународно признатата влада.

Владата ги повика Обединетите нации да преземат сериозни и ефикасни мерки за да овозможат безбедност на цивилите и цивилната авијација на кои им се заканува опасност од милицијата која напаѓа.

Портпаролот на генералот Хафтар, Ахмад ал Месмари преку соопштение испрати порака дека „секој воен или цивилен авион кој лета над престолнината ќе биде уништен“.

Тој тврди дека турските војници кои ја поддржуваат владата го користат аеродромот како база.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски