Силен земјотрес во западна Индонезија

Од:

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го потресе регионот Нијас, во западна Индонезија, соопшти денеска Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

ЕМСЦ наведува дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, откако претходно беше пријавена длабочина од два километра и јачина од 5,9 степени.

Земјотресот бил на 325 километри југозападно од градот Падангсидемпуан, во Северна Суматра.

Засега нема извештаи за жртви или штети.

Би можело да ве интересира

Единаесет ученици се удавија во извидничка несреќа во Индонезија

Индонезија: Еруптираше вулканот Мерапи

А1он

Индонезија ги заострува мерките поради ширењето на Ковид-19

Ана Ололовска

Стотици здравствени работници во Индонезија се заразиле со „делта“ сој на Ковид-19 по примената вакцина „Синовак“

Мери Јордановска

ВИДЕО: Руска актерка сними порно клип на света планина во Индонезија, сега ја бара полиција

Жарко Настоски

ВИДЕО: Потонатата индонезиска подморница распарчена на три дела, нема преживеани

Ана Ололовска