Силен земјотрес го погоди јапонскиот архипелаг Бонин

Од:

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди далечниот архипелаг Бонин во Јапонија, југоисточно од главниот архипелаг, поради што службите најавија мала промена на нивото на морето.

Земјотресот бил на длабочина од 40 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Јапонската метеоролошка агенција издаде „предвидувања за цунами“, совет што подразбира мали промени во нивото на морето за област околу голем број оддалечени острови, вклучувајќи го и Чичиџи, еден од островите на архипелагот Бонин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он