Сијарто: ЕУ да потпише нов договор со Турција за миграција

Од:

ЕУ треба да потпише нов договор за миграција со Анкара, со цел Турција да го спречи приливот на мигранти преку нејзините граници, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто.

Тој ова го рече по разговорот со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу во Анкара.

Сијарто истакна дека Брисел и ветил на Турција шест милијарди долари за да се справи со ситуацијата, но бидејќи е спорно колку од тие пари и се префрлени на Анкара.

Сијарто го повика Брисел итно да го реши спорот со Турција.

Тој оцени дека миграциите претходно претставувале безбедносен и културолошки ризик, а дека тие сега ги загрозуваат економијата и здравјето.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски