Сијарто: Безбедноста на Европа почнува во Турција

Од:

Без придржување до договорот помеѓу Европска Унија и Турција за миграцијата, Европа би била соочена со сериозен миграциски притисок од југ, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на заедничката прес конференција со турскиот колега Мевљут Чавушоглу во Будимпешта.

Сијарто истакна дека „безбедноста на Европа денес почнува во Турција“, при тоа изразувајќи благодарност до Анкара за нејзината улога во гарантирањето на безбедноста на Континентот.

– Во голема мера благодарение на Турција од 30 до 35 милиони луѓе во соседството на Европа кои се во позиција да тргнат кон Континентот во кој било момент, тоа се уште не го направиле. Турција се грижи за 4,5 милиони мигранти, не дозволувајќи да тргнат кон ЕУ, истакна Сијарто.

Тој додаде дека Унгарија во Турција гледа стратешки сојузник и пријател.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски