Прославата на Нова година почна во Австралија со традиционален, спектакуларен огномет, кој точно на полноќ се појави над небото над Сиднејскиот Залив.
Пиротехничкиот спектакл над Сиднејската опера и пристанишниот мост секој 1. јануари е првиот голем новогодишен настан во светот.
Сиднеј годинава подготви уште поголема светлосна претстава отколку претходно.
– Огнометот секоја година е се поубав, изјави градоначалникот на Сиднеј, Кловер Мур, додавајќи оти се употребени дополнителни 2.400 светлечки ракети и нови ефекти.
Вкупно се употребени седум тони пиротехнички направи и проектилот, а чинеше седум милиони австралиски долари и траше дваесетина минути.