Сицилија прогласи шестмесечна вонредна состојба поради пожарите

Од:

Регионалната Влада на Сицилија прогласи вонредна и кризна состојба во траење од шест месеци поради пожарите што беснеат на островот од крајот на јули, јави ДПА.

Регионалниот претседател Нело Мусумечи во објава на Фејсбук објасни дека невообичаено високите температури и абнормалните временски услови ќе продолжат да претставуваат ризик во наредните недели.

Во меѓувреме, на Сардинија, противпожарната бригада во провинцијата Ористано соопшти дека утрово избил пожар во туристичките населби, при што пожарникарите спречиле пламенот да се прошири на блиската вегетација. Нема информации за жртви.

Ористано, на западниот брег на медитеранскиот остров, неодамна се соочи со големи шумски пожари, во кои е предизвикана голема штета.

Невообичаено високите температури од над 40 Целзиусови степени предизвикуваат суша во целиот јужен дел на Италија, што ги засилува пожарите. Се смета дека многу од нив се намерно подметнати.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Два големи пожари во Русија

Горан Наумовски

ЦУК: Активен е еден пожар кај месноста „Мала Река“ во општина Студеничани

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено