Си предупреди на судири што би произлегле од украинската криза

Од:

Конфликтот меѓу блоковите околу кризата во Украина може да стане поголема и подолготрајна закана за глобалниот мир од самата криза, нагласи кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон, јавија кинеските државни медиуми.

Си истакна дека Кина верува оти Европа треба да има целосна контрола над европската безбедност. Тој исто така наведе дека се надева оти Париз ќе одигра активна улога во промовирањето на кинеско-европските врски, имајќи предвид дека Франција во моментов претседава со ЕУ.

Елисејската палата објави дека Макрон и Си разговарале за војната во Украина и глобалната криза со храна што произлезе од неа, и повикале на итен прекин на огнот.

– Двајцата лидери ја повторија својата посветеност на почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, соопшти кабинетот на Макрон.

Кина не ја осуди руската инвазија врз Украина и повеќе пати ги критикуваше западните санкции, но не и пружи помош на Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот