Си: Мора да се избегне интензивирање на судирот во Украина

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг на денешната виртуелна средба со германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека мора да се вложат сите напори судирот во Украина да не се претвори во „ситуација со која не може да се управува“.

– Мора да се вложат сите напори да се избегне интензивирање и ширење на судирот во Украина, што би можело да доведе до ситуација со која не може да се управува, истакна Си.

Тој исто така ја повика Германија да учествува во Иницијативата за глобална безбедност, промовирана од Си минатиот месец, која го поддржува принципот на „неделива безбедност“, концепт на кој се повикува Русија да го оправда својот напад врз Украина.

Кина не ја осуди руската инвазија врз Украина и повеќе пати ги критикуваше западните санкции, но не и пружи помош на Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он