Си: Кина ја победи сиромаштијата

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека со заеднички напори на Комунистичката партија на Кина и претставниците на сите етнички групи, победена е сиромаштијата во земјата.

– Сиромаштнијата не е социјализам. Доколку ситуацијата не се менува во сиромашните подрачја или не се подобрува квалитетот на животот, тоа не е социјализам, истакна Си на церомонијата на доделување на награди за борба против сиромаштијата во Големата сала на народите во Пекинг.

Тој наведе дека Комунистичката партија на Кина, која одбележува сто години од формирањето, го ослободила селското население од сиромаштијата, а годишно сиромаштијата ја победиле повеќе од 10 милиони луѓе.

– Економскиот и општествен развој значително се менува во сиромашните подрачја. Сите регистирани сиромашни луѓе повеќе не се грижат за храна и облека и обезбедено им е основно образование, основна медицинска нега и домување, посочи Си.

Тој додаде дека искоренувањето на сиромаштијата не е крај туку почетоко на нова борба за подобар живот. Си како нови задачи ги потенцира решавање на небалансираниот и недоволен развој, намалување на развојниот јаз помеѓу урбаните и руралните подрачја и остварување на сестран развој и заеднички просперитет на сите Кинези.

– На новото патување за сестрана изградба на социјалистичка држава и модернизација, важно место треба да има промовирањето на заеднички просперитет за сите луѓе. Мораме постојано да вложуваме во заедничките напори за остварување на оваа цел и да промовираме сестран развој на луѓето и сестран напредок на општетсвото, така да чувството на добивка, среќа и безбедноста на народот да бидат значајни, сигурни и одржливи, наведе Си.

– Од спроведувањето на кинеската политика на реформи и отворање кон светот сиромаштијата ја победиле 770 милиони луѓе од руралните средини.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала