Си: Глобалната конфронтација води до катастрофални последици

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг, во говорот на виртуелниот собир во рамки на Светскиот економски форум во Давос, денеска предупреди дека глобалната конфронтација меѓу големите сили може да има „катастрофални последици“ .

Средбата во Давос се одржува онлајн наместо редовниот, годишен состанок во тој швајцарски град поради пандемијата Ковид-19.

Си повика на поголема соработка во борбата против Ковид-19 и вети дека ќе испрати дополнителни милијарда дози вакцини во други земји, а истовремено ги повика другите сили да го отфрлат менталитетот на Студената војна во „време на растечки геополитички тензии“. .

– Историјата многупати покажа дека конфронтацијата не ги решава проблемите, туку само води до катастрофални последици, рече Си, според официјалниот текст на неговиот говор.

– Нашиот свет денес е далеку од мирен. Има многу реторика што поттикнува омраза и предрасуди, оцени кинескиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката