Си-Ен-Ен: Трамп утре ќе објави околу 100 помилувања и намалувања на казни

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да објави околу 100 помилувања и намалувања на казни на неговиот утрешен последен ден на функцијата, соопштиле тројца извори запознаени со ова прашање, јави Си-Ен-Ен.

Во Белата куќа вчера бил одржан состанок за да се финализира списокот со помилувања кои вклучуваат службеници, познати рапери, и засега не се очекува на списокот на биде вклучен и самиот Трамп, соопштиле два извори.

Според Си-Ен-Ен, ова е продолжение на контроверзниот декемвриски чекор на американскиот претседател кога целосно помилува повеќе од дваесетина лица – меѓу кои и поранешниот шеф на изборната кампања на Трамп Пол Манафорт, долгогодишниот соработник Роџер Стоун и Чарлс Кушнер, таткото на постариот советник и зет на Трамп, Џеред Кушнер.

Помилувањата е предвидено да бидат објавени пред Трамп да си замине од Белата куќа и ќе бидат мешавина од кривични случаи и помилувања на луѓе поврзани со претседателот, рекле изворите.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски