Си Ен Ен: Стејт департментот не му ги дава честитките од странските лидери на Бајден

Од:

Во Стејт департментот изминативе денови пристигнале многу пораки и честитки за новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, но администрацијата на актуелниот претседател Доналд Трамп го блокира пристапот до нив, јави Си Ен Ен, повикувајќи се на добро информирани официјални лица во американското Министерство за надворешни работи.

Традиционално, Стејт Департментот ги упатува сите комуникации на новоизбраниот претседател, поради што многу земји започнаа да испраќаат пораки до Стејт Департментот за време на викендот.

Но, со оглед на тоа дека администрацијата му го забранува пристапот на Бајден до државните ресурси, затоа што Доналд Трамп одбива да ја прифати неговата победа, десетици нови пораки сè уште не се доставени до вистинскиот примател.

Тимот на Бајден бил во контакт со странски влади без вклучување на Стејт департментот, а тој веќе имал неколку телефонски разговори со светските лидери, вклучувајќи ги германската канцеларка Ангела Меркел и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Меѓутоа, тие работат без логистичка и преведувачка поддршка, која ја обезбедува оперативниот центар на Стејт департментот.

– Тие повеќе би сакале да ги користат ресурсите на Стејт департментот, изјавил извор добро упатен во ситуацијата, истакнувајќи дека тимот на Бајден наишол на неочекуван предизвик кога станува збор за организирање телефонски повици.

Бајден, исто така, не ги добива брифинзите на разузнавачките служби, што е вообичаена пракса во САД откако ќе биде избран нов претседател, поради што, според, безбедносни извори,се става под ризик националната безбедност, објави Си Ен Ен.

Би можело да ве интересира

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за Македонија