Си-ен-ен: Нов Зеланд – прибежиште за богати во случај на апокалипса

Од:

Новозеландскиот град Квинстаун, кој честопати се споредуваше со Аспен во Колорадо, САД, поради популарноста кај скијачите, со години беше предмет на шпекулации дека странските државјани купуваат добро опремени бункери за да служат како засолништа во случај на апокалипса, наведува Си-ен-ен.

Иако има малку докази дека под семејните домови таму навистина има бункери како оние што се изградени за иста цел во САД и Европа, угледот на Квинстаун, а со тоа и на Нов Зеланд како пожелно засолниште за светските богаташи во деновите пред евентуално да настапи крај на светот не е целосно неосновано.

Американскиот милијардер Питер Тил и поранешниот шеф на медиумската куќа НБЦ Мет Лауер веќе купиле куќи во Квинстаун, а поради пандемијата на коронавирус овој град со 40.000 жители повторно стана интересен за луѓето кои бараат нов, побезбеден дом – со или без бункер, наведува Си-ен-ен.

За оние кои сакаат да имаат такво засолниште таму, специјализирана американска компанија нуди добро опремени бункери со целосно функционални кујни, простории за одмор, системи за надзор и производство на електрична енергија од сончеви извори, а цените се движат од околу 40.000 американски долари до неколку милиони.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски