Си Џинпинг по третпат ќе стане кинески претседател и ќе испише историја

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг се очекува да добие историски трет мандат како лидер на земјата на 20-от Конгрес на кинеската Комунистичка партија, кој почнува во недела.

Ако се оди според планот, 69-годишниот лидер ќе биде потврден за генерален секретар на партијата до крајот на конгресот, кој се одржува еднаш на секои пет години, и ќе ја зацврсти својата позиција како најмоќен кинески лидер од Мао Це Тунг.

Речиси 2.300 делегати од сите кинески провинции ќе се соберат во недела во Голема сала на народот на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, околу која мерките за безбедност се значително зголемени.

Конгресот ќе се одржи под строги здравствени мерки бидејќи Си продолжува да инсистира на спроведување на политика на нулта толеранција кон коронавирусот.

На конгресот, кој ќе се одвива претежно зад затворени врати, учесниците ќе изберат околу 200 членови на Централниот комитет на партијата, кој потоа избира 25 членови на Политбирото и на семоќниот Постојан комитет, највисокото раководно тело во државата.

Но, всушност „сè е однапред договорено бидејќи конгресот не се одржува додека сите фракции не се договорат“, изјави синологот Жан-Филип Беја.

Критичарите истакнуваат дека Си, исто така, ги елиминирал сите потенцијални политички ривали во последниве години, особено преку неговата долгогодишна борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Блинкен со драматични гримаси додека Бајден зборуваше дека Си Џинпинг е диктатор

Си: Политичкото решение е единствениот „правилен“ излез

Доказите сугерираат дека Путин не успеал да обезбеди билатерално партнерство без ограничувања со Кина

Видео средба Путин-Си: Најавена зајакнета воена соработка меѓу Русија и Кина

А1он

Си Џинпинг оди во Москва: Путин објави кога кинескиот лидер ќе пристигне во Кремљ

А1он

Путин и Си Џинпинг утре ќе разговараат преку видео врска

А1он