Шведското обвинителство се откажа од барањето за распит на Асанж

Од:

Обвинителството на Шведска ќе се откаже од барањето упатено до Велика Британија да дозволи распит на основачот на Викиликс Џулијан Асанж за обвинувањата за силување од 2010 година.

Асанж служи казна од 50 седмици во Велика Британија поради кршење на правилата за кауција, откако седум години мина во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска поради наводно силување.

Обвинителството на Шведска, кое го истражува случајот, на својата интернет страница соопшти дека почнало со анализа на доказите и оти нема да носи никакви значајни одлуки за наредните чекори додека процесот не биде комплетиран.

– Тоа значи дека во моментов не е во игра издавање европски истражен налог, соопшти заменичката на директорот на јавното обвинителство Ева-Мари Персон.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“