Шведските власти сега брзаат со закон што ќе дозволи построги мерки

Од:

Шведската влада сака по брза постапка да донесе привремен закон за пандемија, што ќе ѝ даде на државата овластување да затвора продавници, приватни музеи и да го ограничи бројот на лица во групи, јавија локалните медиуми.

Шведска за време на пандемијата избегнуваше „заклучувања“ и претпочиташе да се потпира на доброволни мерки за одржување на социјална дистанца и хигиена.

Но, со оглед на постојаното зголемување на новите случаи во изминатите два месеци и фактот дека здравствените установи во земјата се исполнети речиси до максималниот капацитет, владата смета дека е потребно да се бараат пошироки овластувања.

– Амбиција е да му се предложи на Парламентот, Закон за пандемијата на 4 јануари, рече Лена Халенгрен, министер за здравство и социјална помош, во интервју за агенцијата ТТ.

Парламентот може да гласа веќе на 8 јануари.

Заклучно со петокот, во Шведска се регистрирани 22.319 случаи на заразени со новиот коронавирус, покажува статистиката на Шведската здравствена агенција. Тоа е најголем број на заразени лица за време на викендот од почетокот на пандемијата, во споредба со соодветниот репрезентативен период пред една недела, кога имало 20.931 заразено лице.

Други 174 лица починаа од вирусот со што вкупниот број на смртни случаи достигна 8.167.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност