Шведските граѓани ќе работат од дома до Нова година

Од:

Шведска беше претпознатлива по својот начин на справување со пандемијата преку „благата стратегија“, и влезе во свој начин на борба против коронавирусот, но не успеа бидејќи бројот на заразени лица сега изнесува повеќе од 80.000.

Затоа, тамошните власти повикаа на работа од дома барем до Нова година. Оваа мерка има за цел да го намали бројот на лица во јавниот превоз, бидејќи властите регистрирале зголемен број на контакти меѓу патниците, што претставува голем ризик од натамошно ширење на вирусот за време на есента кога се очекува и нов посилен бран.

Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани повеќе од 80.100 заразени лица, од кои 318 во последните 24 часа. Во земјата од Ковид-19 починале околу 5.739 луѓе.

Шведските власти веруваат дека краткорочните мерки не можат да бидат ефективни на долг рок и затоа е потребно да се создаде стратегија со која ќе се спречи новиот бран на есен.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност