Шведскиот премиер Ловен најави дека во ноември ќе поднесе оставка и од владата и од лидер на социјалдемократите

Од:

Шведскиот премиер Стефан Ловен денеска изјави дека планира во ноември да поднесе оставка на функцијата, пренесе ДПА, повикувајќи се на шведските медиуми.

Својата намера да се повлече од функцијата лидер на Шведската социјалдемократска партија, како и од премиерската функција, Ловек ќе ја соопшти за време на годишната конференција на неговата партија што ќе се оддржи есенва.

-Одлуката беше долго време разгледувана, рече тој за време на говорот во Акерсберг, место во близина на Стокхолм, признавајќи дека на партијата и треба ново раководство и нова енергија.

Ловен (64) веќе еднаш поднесе оставка во јуни, како резултат на гласањето недоверба на владата, но тоа беше одлука од само неколку дена, бидејќи потоа, тој повторно беше номиниран за премиер и ги доби потребните гласови во шведскиот Парламент, потсетува ДПА.

Кризата во јуни беше предизвикана од спорот со партијата левица за контрола на кириите за новите згради.

Ловен во моментов ја предводи малцинска влада, што е трета на чие чело е тој. Првата ја предводеше по општите избори во 2014 година, а втората по неколкумесечни политички расправии по изборите во 2018 година.

Следните општи избори во Шведска треба да се одржат во септември 2022 година.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност