Шведски фирми преговараат со Русија за производство на „Спутник V“

Од:

Координаторот за вакцинација Ричард Бергстром потврди дека неколку шведски компании разговараат со Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) за можноста за започнување на производството на руската вакцина „Спутник V“, пренесува ТАСС.

„Во тек се сериозни преговори помеѓу РДИФ и некои производители во Шведска. Не можам да кажам ништо повеќе од тоа”, изјави Бергстром за шведскиот дневен весник „Дагенс Нехтер“.

ТАСС известува дека шведскиот официјален претставник објаснил дека тоа не значи автоматски дека руската вакцина ќе се купува за потребите на Швеѓаните и нагласи дека земјата ќе може да го купи „спутник В“ само откако вакцината ќе биде одобрена од Европските агенција за лекови (ЕМА).

РДИФ веќе постигна договор со компании во Италија, Шпанија, Франција и Германија за започнување на производството на „Спутник V“.

ТАСС наведува дека ЕМА на 4 март објавила дека покренала постапка за детален преглед на „спутник В“ и дека руската вакцина досега ја регистрирале 50 земји со вкупно 1,3 милијарди жители.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина