Шведската полиција деактивираше експлозивна направа во парк во центарот на Стокхолм

Од:

Шведската полиција деактивираше торба со експлозив пронајдена во центарот на Стокхолм доцна вечерта во неделата, изјави денеска полицискиот портпарол.

Експлозивна направа е пронајдена во торба во парк во центарот на Стокхолм. Паркот е едно од местата во главниот град каде што се одржува годишниот фестивал на културата. Годинава беше организиран помеѓу 17. и 21 август.

„Полицијата процени дека во чантата што беше пронајдена во Кунгстрадгарден во неделата има експлозив“, се вели во соопштението на полицијата.

„Областа беше привремено опколена, а бомбата е деактивирана и отстранета од торбата. Властите спроведоа форензичка истрага во понеделникот наутро“, соопшти полицијата.

– Сега ќе се проучат сите елементи од истрагата. Само по целосно испитување во националниот форензички центар ќе можеме со сигурност да кажеме дали опасниот предмет бил употреблив, рече началникот на полицијата Ерик Акерлунд.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност