Шведската министерка за надворешни работи ја напушта функцијата

Од:

Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром, позната како борец за заштита на човековите и женските права, изјави денеска дека заминува од Владата со цел да му се посвети на семејството.

– Дојде време повеќе да им се посветам на сопругот, децата и внуците. Го известив премиерот дека сакам да ја напуштам Владата и функцијата министер за надворешни работи, напиша Валстром на Твитер.

Маргот Валстром беше шефица на шведската дипломатија од 2014 година. Повторно е избрана на таа функција по парламентарните избори во 2018 година.

Беше и министерка за социјални прашања, а потоа и за култура. Исто така, беше еврокомесарка за животна средина и потпретседателка на Европската комисија.

Во ОН беше специјален известувач за насилство врз жените и децата во конфликтните зони.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност