Шведска: Власта со привремено овластување ќе затвора приватни компании

Од:

Шведскиот Парламент денеска усвои привремен закон, кој ѝ дава на Владата нови овластувања за да може да затвора приватни компании со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Премиерот Стефан Лофвен изјави за телевизијата СВТ дека, со оглед на фактот дека епидемијата ќе продолжи уште некое време и дека не е познато во кој обем ќе биде, тој очекува наскоро да се спроведе новиот закон.

– Ќе го искористиме во блиска иднина, најави шведскиот премиер.

Законот претставува значаен чекор за шведската влада кон пристапот на задолжителните мерки усвоени од поголемиот дел од Европа.

Досега, на Швеѓаните им беше советувано да одржуваат социјална дистанца, да ги мијат рацете и да работат од дома секогаш кога е можно, а на приватните компании како продавници, ресторани или спортски сали им беше дозволено да останат отворени за време на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина