Шведска се откажа од истрагата за силување против Асанж

Од:

Шведските обвинители се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж, кој во 2010 година беше пријавен за силување. Го пријави една жена која тврдеше дека ја силувал во текот на посетата на Шведска истата година, јави Би-Би-Си.

Асанж во моментов е во Велика Британија каде ја отслужува затворската казна од 50 недели, бидејќи ги прекршил условите за гаранции, со своето бегство во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да го избегне предавањето на Шведска за пријавеното силување.

Во Амбасадата Асанж мина седум години, а беше уапсен на 11 април годинава.

Шведскиот суд претходно веќе го одби барањето за притвор во негово отсуство, што значеше дека не може да биде екстрадиран во нивната земја, а сега се откажа и од истрагата.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“