Шведска ќе ангажира до 10.000 здравствени работници поради пандемијата

Од:

Шведска објави дека сака да ангажира до 10.000 здравствени работници и негователи на постојан договор за подобрување на грижата што им се пружа на старите лица.

Состојбата со грижата за старите лица и недостигот на персонал во таа област е критична, а тоа излезе на виделина при избувнување на епидемијата.

Одлуката на властите е од договор постигнат меѓу Владата, главниот синдикат и општинските власти одговорни за грижа на старите лица.

Од 3.400 луѓе кои ги загубија животите во епидемијата речиси половината се регистрирани во домови за грижа на стари лица.

До 28 април, 90 отсто од смртните случаи беа лица со најмалку 70 години.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност