Шведска ја одби Модерна и реши со Фајзер да ги вакцинира децата постари од 12 години

Од:

Шведската Агенција за јавно здравје соопшти дека ја препорачува за аплицирање вакцината „Комирнати“ на Фајзер/Бионтек кај деца на возраст од 12 до 15 години и воедно информира дека нема да ја користи конкурентната вакцина „Спајквакс“ на Модерна.

Европската агенција за лекови ја одобри употребата на Комирнати во мај, додека Спиквакс доби одобрение за употреба кај деца над 12 години во јули.

– Општо земено, имаме причина да ја избереме вакцината за која најмногу знаеме и која е најдокажана кога станува збор за деца на возраст од 12 до 15 години, нагласи државниот епидемиолог Андерс Тегнел.

Шведските здравствени власти велат дека има повеќе докази за употреба на Комирнати кај деца. „Затоа, Спајквакс не се препорачува за најраната возрасна група во Шведска“, велат од агенцијата.Во септември, агенцијата објави дека вакцинацијата на деца на возраст од 12 години и повеќе ќе започне на 11 октомври.

Би можело да ве интересира

Србија ја намали цената на ковид-тестовите

А1он

Во Германија 2.000 луѓе примиле ковид-вакцини со поминат рок

А1он

Почина српска тинејџерка која четири месеци се борела со коронавирусот

А1он

Нови наоди: Колку ве штитат од тешките последици на омикрон две дози вакцина, а колку бустер

Ана Ололовска

Германски лекари: Скратувањето на карантинот ќе доведе до поголемо ширење на вирусот

Ана Ололовска

8555 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Ана Ололовска