Шведска и Финска добија поддршка од своите нордиски соседи ако некој ги нападне

Од:

Норвешка, Данска и Исланд денеска објавија заедничко соопштение во кое најавија поддршка за кандидатите за членство во НАТО, Шведска и Финска, доколку некој ги нападне.

– Заедно со Данска и Исланд, Норвешка е подготвена со сите средства да им помогне на своите нордиски соседи ако станат жртви на агресија на своја територија, пред да станат членки на НАТО, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно и официјално соопшти дека Шведска ќе и се придружи на Финска во аплицирањето за членство во НАТО.

Коменти рајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја нема проблеми со овие земји, и оти нивниот влез не претставува закана, но дека во секој случај ќе следи одговор на Русија.

– НАТО се користи како инструмент на надворешната политика на една земја и тоа се прави многу агресивно, рече Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска