Швајцарската Влада побара податоци од Свиском

Од:

Владата на Швајцарија побара од државната телекомуникациска компанија „Свиском“ да и достави податоци за мобилните телефони во текот на еден ден, заради проценка на ефикасноста на мерките за ограничување на движењето на населението за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска официјален претставник на федералната Агенција за здравство.

– Сакавме да знаеме дали тие мерки влијаат врз мобилноста на луѓето, рече Даниел Кох, шеф на одделението на Агенцијата за заразни болести, на прес-конференција во Берн, како одговор на прашањето дека на тој начин Владата може да ја наруши приватноста на граѓаните.

Тој рече дека станува збор за 24-часовни податоци што даваат ретроспективен поглед на движењата на луѓето.

Според Кох, „тоа нема никаква врска со тековните податоци или мониторингот, туку да се види движењето на луѓето, а опфатен е само јавниот простор“.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски