Швајцарската полиција спровела тајна акција во Австрија

Од:

Швајцарската погранична полиција тајно спровела надзор и следење лица на територијата на Австрија.

Во рамки на акцијата „Кнобли“, според весникот „Блик“, швајцарски полицајци „шпионирале“ свои граѓани четири дена во цивилна облека во австриската провинција Форларберг.

Причината за акцијата, за која не биле запознати австриските власти, е тоа што има неколку продавници во Форларберг кои легално продаваат семиња канабис, како и опрема за одгледување канабис.

Во Швајцарија е забранет увоз на одредени производи од коноп.

Швајцарските полицајци ги шпионирале клиентите од Швајцарија во продавниците во Австрија, регистрирале регистрации на автомобили и ги праќале до системот, така што подоцна тие автомобили ги запирале на границата.

Австрија не знаела ништо за акцијата на швајцарската полиција и немало да ја одобри, бидејќи швајцарските клиенти не го прекршуваат законот во наведените продавници.

Целата акција се најде во јавност откако еден полицаец на границата бил запрен со семе на коноп во багажникот и тој подоцна најавил дисциплински мерки против пограничните „шпиони“.

Би можело да ве интересира

Швајцарија остана без 500 глечери

Ана Ололовска

Курд се самозапали пред УНХЦР во Женева

Зелените освоија една петина од гласовите на парламентарните избори во Швајцарија

Ана Ололовска

Парламентарни избори во Швајцарија

Ана Ололовска

Аукција на одземени луксузни автомобили од синот на претседателот на Екваторска Гвинеја

Основан Македонско – Швајцарски бизнис клуб

А1он