Швајцарската полиција отстранува луѓе од пред Парламентот

Од:

Швајцарската полиција почна да ги отстранува демонстрантите кои бараат дополнителен одговор на климатските промени од плоштадот недалеку од зградата на Парламентот во Берн.

Демонстрантите таму поставија шатори и одбиваат да ја почитуваат наредбата на градските власти да ја напуштат областа.

Швајцарската телевизија СРФ објави снимка на која се гледа како полицијата одведува демонстранти од плоштадот.

Отстранувањето на демонстрантите ќе трае неколку часа, бидејќи некои од нив се врзани за разни предмети, вклучувајќи велосипеди и челични огради, поради што пожарникарите мораа да користат алати за сечење.

Демонстрантите, кои се од разни групи, поставија шатори во центарот на Берн за да го свртат вниманието на Швајцарија да направи повеќе за да ги намали емисиите на штетни гасови и до 2030 година да ги сведе на нула.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски