Швајцарија воведува дополнителни санкции против руски олигарси

Од:

Швајцарија денеска воведе дополнителни санкции против одредени руски олигарси, согласно проширената листа санкции што синоќа ја усвои Европската унија.

Дополнителните санкции се одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти конфедералната Влада во Берн.

„Швајцарската листа со санкции сега е во целост идентична со онаа на ЕУ“, се наведува во владиното соопштение. Согласно најновите санкции, од денеска напладне се замрзнува имотот што други руски олигарси и истакнати деловни луѓе ги имаат во Швајцарија.

Швајцарија ги заостри и економските санкции против Белорусија поради нејзината поддршка на рускиот напад врз Украина, целосно усвојувајќи ги мерките што ЕУ ги воведе против Минск на 2 и 9 март.

Санкциите што стапија денеска на сила воглавно се однесуваат на ограничувања во трговијата и фнансискиот сектор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски