Швајцарија сакаше да ги олабави мерките, ама се откажа

Од:

Швајцарија ги одложи плановите за ублажување на ограничувањата поради Ковид-19, соопшти владата, повикувајќи се на зголемен број случаи со коронавирус и недоволниот напредок во вакцинациите.

Земјата првично планираше од понеделник да дозволи настани на отворено, како што се фудбалски натпревари и концерти со публика до 150 луѓе, но избира повнимателен пристап откако соседите Франција и Германија исто така се откажаа од плановите за ублажување на ограничувањата.

Во изјавата на швајцарската Влада се наведува дека „во моментов, ризикот од неконтролирано зголемување на бројот на случаи е преголем за понатамошно отворање, бидејќи од крајот на февруари повторно се зголеми бројот на инфекции. Покрај тоа, се ушт се премалку вакцинираните лица за да се спречи наглото зголемување на хоспитализациите“.

Во последните денови дојде до нагло зголемување на бројот на случаи на коронавируси во Швајцарија и соседен Лихтенштајн, а вчера беа регистрирани 1.750 нови случаи, што е далеку над седумдневниот просек од 1.285 инфекции.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски