Швајцарија ги легализираше истополовите бракови

Од:

Швајцарците на вчерашниот референдум ги легализираа истополовите бракови и им дадоа право на хомосексуалните сопружници да посвојуваат деца.

За легализацијата гласале речиси две третини од Швајцарија, која стана една од последните земји во западниот дел на Европа која ги одобри хомосексуалните бракови.

Според податоците објавени од федералната влада, 64,1 отсто од граѓаните гласале за истополови бракови.

Организацијата „Амнести интернешнал“ соопшти дека со ова гласање е направен голем чекор во рамноправноста.

Ова, исто така, ќе значи дека на странските сопружници ќе им биде полесно да добијат швајцарско државјанство.

Швајцарската министерка за правда Карин Келер-Зутер истакна дека законот ќе стапи во сила на 1 јули 2022 година.

Би можело да ве интересира

Швајцарија забрани гостински навивачи на фудбалските стадиони

А1он

Швајцарија деблокира 1,2 милијарда евра за сиромашните земји-членки на ЕУ

Швајцарија избра американски Ф-35, наместо француските „Рафали“, Макрон ја откажа посетата на неговиот швајцарски колега

Ана Ололовска

Премиерот Заев и швајцарската Амбасадорка Зутер Техада: Имаме одлични билатерални односи и продолжуваме со заедничка реализација на проекти од интерес за граѓаните

А1он

ВИДЕО: Необично силна луња ја погоди Швајцарија, ветрот корнеше дрвја во Цирих

Жарко Настоски

ВИДЕО: Град ги столчи Германија, Швајцарија и Франција, има повредени во страотното невреме

Жарко Настоски