Швајцарија деблокира 1,2 милијарда евра за сиромашните земји-членки на ЕУ

Од:

Швајцарија деблокира вкупно 1,3 милијарди франци (1,2 милијарди евра) фијнансиска помош за сиромашните земји-членки на Европска Унија, во обид да ги подобри тензичните односи со својот најголем трговски партнер.

Горниот дом на швајцарскиот Парламент вчера одобри ислата на 1,3 милијарди франци во следните години. Средствата се замрзна ни во 2019 година по спорот за меѓусебно признавање на берзанските правила.

Швајцарија не е земја-членка на ЕУ, но учествува во нејзините програми и внатрешниот пазар на блокот преку билатерални договори.

За возврат, плаќањата за поддршка на посиромашните земји од ЕУ беа договорени пред неколку години, а сличен аранжман беше договорен и со Норвешка. Во Швајцарија, ова се нарекува „милијарда за кохезија“.

Односите помеѓу ЕУ и Швајцарија се заладија откако блокот инсистираше на рамковен договор. ЕУ за да изврши притисок почна да не ја признава швајцарската берза како еквивалент на институциите на ЕУ во 2019 година.

Преговорите за рамковниот договорот се во застој.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски