Швајцарија бара пристап до доверливи банкарски податоци

Од:

Владата на Швајцарија денеска предложи да ѝ се дозволи на нејзината шпионска агенција, пристап до банкарскиот систем на земјата, познат по доверливоста, со цел да има увид во финансиските трансакции што се сомнителни дека спонзорираат тероризам, шпионажа или насилен екстремизам.

Претставувајќи ја предлог – измената на законот за разузнавање, Владата истакна дека Федералната разузнавачка служба сега нема овластувања да бара од банки, како и од други финансиски посредници, информации за лица или групи, кои се сметаат за безбедносни ризици, јавија британски медиуми.

Швајцарија ги има едни од најстрогите закони на светот за доверливост на банкарски податоци.

„Во случај на сериозна закана за швајцарската безбедност, Федералната разузнавачка служба во иднина ќе може да разјасни финансиски текови, барајќи информации за трансакции“, се наведува во соопштението на Владата.

Тука влегуваат компании, непрофитни организации и религиски институции, што се сомнителни дека помагаат во финансирање на терористи, откривање на податоци или насилни екстремистички активности.

Сојузниот управен суд и Министерството за одбрана треба да го одобрат ова барање, по консултации со министрите за правда и надворешни работи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски